Евролигата денеска донесе неочекувани резултати и од трите големи фаворити победи само Макаби Тел Авив.
Гордоста на Израел успеа лесно да слави на домашен терен против Лион Вилербан со 94:73, во меч во кој кошаркарите на Макаби апсолутно доминираа и ги добија сите четири четвртини.
Хрватскиот центар Андрија Жижиќ беше најефикасен на мечот со 24 поени, а Макаби сигурно чекори кон плејофот во Евролигата.
Шпанците беа асполутни фаворити, но се сопнаа во Атина на меч на кој Панатинаикос почна како фенерџија во Евролигата, а успеа да го прескокне Жалгирис на табелата.
Денот почна со сензација и заврши со големо изненадување, а го приреди Монако со победа во Италија против Армани Милано.
Гостите ги освоија бодовите со триумф од 72:63, иако на полувремето губеа со шест поени разлика.
Пресвртот се случи во третиот период што Монако го доби со 20:6 и потоа успеа да ја задржи предноста и да освии ваѓни бодови во битката за плејоф.
Donta Hall goes FLYING ✈️ #7DAYSMagicMoment pic.twitter.com/2z527s8gHo
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) March 31, 2022
Мајк Џејмс со 19 поени беше прв стрелец кај Монако, а Шејвон Шилдс со 22 поени беше кошгетер на мечот, како утеха во поразот на Милано.