Џиџи Донарума ќе брани за Пари Сен Жермен, како што е најавено со договор што треба да го потпише денеска или утре, а ќе трае до 2026 година.
Италијанскиот репрезентативец треба да ги мине медицинските прегледи што треба да се направат од лекари на ПСЖ во кампот на репрезентацијата на Италија.
Според информациите од Италија, Донарума ќе потпише петгодишен договор, а ќе има плата од околу 12 милиони евра годишно.
Веќе се знае и изборот на број на дресот, а во ПСЖ е подготвена 99-ка за досегашниот голман на Милан и прв чувар на мрежата на популарните Аѕури.
Интересно е што дури се најавуваше дека Донарума веднаш по потписот на договорот со францускиот клуб, ќе биде позајмен во друг клуб, но таа опција отпадна.
Донарума ќе се бори за стандардно место во тимот од Париз со извонредниот Кејлор Навас, кој моментно е прв чувар на мрежата на ПСЖ.