Се готви бунт во ПЛ: „Не“ за играњето на неутрални терени

Ватфорд, Брајтон и Астон вила се премиерлигашите против предлогот за доигрување на преостанатите 92 натпревари на неутрални терени. Екипите кои се борат за опстанок јавно го изразија ставот околу идејата остатокот од сезоната да се на ваков начин.

Англиските медиуми тврдат дека сепак, за да се усвои овој предлог потребни се 14 гласа од вкупно 20, но многу веројатно нема да се одлучува за време на закажаниот состанок в понеделник. Клубовите имаат време до вториот дел од месецов за да одлучат дали се за играње на неутрални терени, а се претпоставува дека има повеќе од три екипи кои се против идејата.

За потсетување, сезоната во Премиер лигата принудно се прекина на 9 март поради пандемијата со вирусот Ковид-19, на девет кола до крајот. Ливерпул убедливо е на врвот со 82 бода, 25 повеќе од Манчестер сити, додека во борбата за опстанок се шест екипи, Брајтон, Вест хем, Ватфорд, Борнмут, Астон вила и Норвич.

- Оглас -

Најнови вести