Се гушнаа со клупскиот соиграч кој е позитивен на ковид-19, па ќе го пропуштат дуелот против Чешка

Шкотска вчера потврди дека талентираниот Бил Гилмур е позитивен на корона-вирусот откако играчот на Челзи доби позитивен тест два дена по натпреварот против Англија.

Поради тоа, Гилмур вечерва нема да игра против Хрватска, а им направи проблем на двајца соиграчи од редовите на англискиот првак. По Островското дерби, Маунт и Чилвел се гушкаа со Гилмур и си разговараа неколку минути, па сега и двајцата се ставени во карантин поради превентивни мерки.

Англија и Чешка вечерва (21 часот) ќе се борат за првото место во групата Д, иако двете селекции се сигурни патници во нокаут-фазата.

- Оглас -

Најнови вести