Алба го победи Панатинаикос со 106:105 како гостин во драматичен меч со две продолженија и со неверијатни пресврти, што на крајот завршија со хепинед за германскиот тим.
Јунак на мечот беше беше Лук Сикма со погодена двојка и слободно фрлање на 8 секунди до крајот на второто продолжение.
Luke Sikma's game-winning, 3-point play against Panathinaikos. Big victory for Alba Berlin. pic.twitter.com/CvRXaO6nxA
— Antonis Stroggylakis (@AStroggylakis) November 14, 2019
Претходно Ник Калатес ја утна победата на домаќините откако не успеа да го погоди второто слободно фрлање при резултат 88:88 на 26 секунди до крајот на регуларниот дел на мечот.
И по првото продолжение немаше победник, а Сикма одлучи да го заврши маратонот со 2+1 во самиот финиш на второто продолжение.
На Панатинаикос не му помогна ниту извонредниот Папапетру, кој постигна 39 поени. Кај гостите од Берлин најефикасен беше Мартин Хермансон со 20 поени.