Поранешната сопруга на ексхокеарот Константин Колцов, Јулија Михајлова, изјави дека Константин бил многу пијан и случајно паднал од терсата на хотелот во Мајами, а немал намера да се самоубие.
Колцов беше во љубовна врска со тенисерката Арина Сабаленка, која е 17 години помлада од него, поради неа отиде во Мајами, но тенисерката рече дека тие раскинале два дена пред случајот кој полицијата го води како самоубиство бидејќи нема траги на насилство.
„Во просторијата каде што престојувал Константин биле пронајдени празни шишиња со алкохол. Имал балкон со поглед кон океанот. Константин веројатно не бил свесен за неговите постапки. Мислам дека е погрешна претпоставката на полицијата за самоубиство, тој немаше такви намери“, изјави Јулија Михајлова за белоруските медиуми.