Се јави момчето кое беше погодено со топче од Федерер: Новак го исфрлија, а мене Роџер не ми се ни извини

Новак Ѓоковиќ мораше да ја прифати судиската одлука дека е дисквалификуван, откако со тениско топче директно во врат удри една од линиските судијки кои беа зад него. Србинот несмасно сакаше да го подаде топчето кое заврши во вратот на жената, која веднаш падна на земја и се бореше да земе воздух затоа што ударот беше директно во вратот.

За среќа, повредата не беше сериозна, но казната за Ѓоковиќ беше најсериозна. Србинот беше исфрлен од турнирот и остана покус за 260.000 долари. Иако поминаа неколку дена од инцидентот, реакциите не сопираат. Фановите на Новак бараа слични ситуации кога тенисерите не биле исфрлени.

Една од тие ситуации е „инцидентот“ на Отвореното првенство на Австралија во 2006 година, а главен учесник е Роџер Федерер. Швајцарецот направи греша во сервисот, противникот му ја врати топката, а Федерер ноншалантно се обиде атрактивно да го удри топчето, кое летна неконтролирано и заврши директно во момчето кое ги собира топчињата покрај мрежата.

Судиите не реагираа, а момчето само се насмевна. Федерер дури не му се ни извини на момчето, кое по 14 години реши да се огласи околу тој момент на Отвореното првенство на Австралија. На својот твитер-профил сега веќе возрасниот Австралиец ги спореди двете ситуации.

„2020 година – Ѓоковиќ ја погоди линиската судијка и го исфрлија од Отвореното првенство на САД. 2006 година Федерер направи трик и ме погоди со топката. Ми рече дека морам да бидам секогаш подготвен и само се насмевна. Роџер, поминаа 14 години, а јас уште не сум добил ни извинување“, напиша Австралиецот на својот твитер-профил.

 

- Оглас -

Најнови вести