10.8 C
Skopje
четврток, 9 октомври 2025

Таткото на загинатиот Мартин: Тој беше измамен и злоупотребен од луѓе кои ја искористиле неговата доверба и страв

Мартин Спирковски, момчето кое загина пред нешто повеќе од една недела во Белград е измамено и злоупотребено од луѓе кои ја искористиле неговата доверба и страв. По многуте шпекулации како се случила трагедијата, денеска преку социјалните мрежи се огласи и неговиот татко, Дејан Спирковски. Тој меѓудругото вели:
„Со длабока болка и неверување ја споделувам трагичната вест за смртта на мојот син, Мартин Сипковски, кој загина во експлозија во Белград.
Мартин имаше само 21 година. Беше студент на Факултетот за менаџмент, манекен и поранешен ракометар на РК Вардар — млад човек со многу енергија, големи соништа и надежи за иднината.
Мартин е мој син, син на мојата сопруга Кристина, брат на сестрата Весница. Мартин е внук, братучед, другар, дечко…
За жал, неговиот живот беше прекинат на многу трагичен и неразјаснет начин.
Во јавноста се појавија бројни шпекулации и неточни информации дека Мартин бил поврзан со поставување експлозив. Сакам јавно и одговорно да кажам дека тоа не е вистина!
Мојот син беше бунтовен, како и многу млади луѓе во тие години. Имаше детски и пубертетски грешки, но никогаш не бил насилен човек и никогаш не би одзел туѓ живот. Имаше судири со законот, но никогаш поврзани со тежок криминал.
Мартин беше цела една година во домашен притвор во Македонија, во нашиот дом, во рамки на истрага која од самиот почеток беше сомнителна, бидејќи сите докази укажуваат дека тој воопшто не бил присутен на местото на настанот.
Особено е важно да се нагласи дека Мартин не беше првообвинет во случајот. Под сомнителни околности, подоцна беше вклучен во процесот, иако првообвинетиот одамна е избеган во Белград и не живее во Македонија. Според достапни информации, првообвинетиот има сериозно криминално досие“.
- Оглас -

Најнови вести