-2.2 C
Skopje
сабота, 3 јануари 2026

Се јави виновникот за поразот на Јувентус и се извини

Италијанскиот гигант повторно ги разочара своите фанови откако загуби на гостувањето кај Монца со 0:1. За Монца ова беше историска прва победа во Серија А.

Еден од клучните моменти на мечот се случи во 40 минута кога Анхел ди Марија со лакт го удри противникот и заработи директен црвен картон.

Монца ја искористи предноста со играч повеќе и во второто полувреме даде гол за победа. По мечот, Ди Марија се извини на навивачите и ка презема на себе вината за овој пораз.

„Моја е вината за овој пораз. Сакам да се извинам на сите за мојата непрофесионална реакција на теренот. Го оставив тимот на цедило во еден тежок момент и потоа загубивме. Дефинитивно моја е вината за овој пораз. Многу ми е жал. Јас сум професионалец, но во исто време сум и човечно суштество кое прави грешки и знае да ги препознае“, рече Ди Марија.

- Оглас -

Најнови вести