Монца направи чудо кое му успеало само на еден тим во историјата на Серија А

Екипата на Монца стигна до историска прва победа во Серија А и тоа не против било кого, туку во дуел со најтрофејниот клуб во италијанското првенство, Јувентус. Седум кола чекаа навивачите на Монца да се израдуваат на победа и на крајот дочекаа на свој терен против Старата дама.

Данецот Кристијан Гиткјер со гол во 74 минута донесе радост за Монца кој на крајот се покажа како доволен за победа и голема радост на домаќините.

Триумфот на Монца е историска и од друг аспект. Тоа е само вториот клуб во Серија А што успеал првата победа во елитното италијанско друштво да го оствари против најтрофејниот. Претходно тоа му успеало само на тимот на Катанцаро.

 

 

- Оглас -

Најнови вести