Се крати списокот на играчи во трката за Златната топка

Од 70 номинирани фудбалери во изборот на „Франс Фудбал“, денеска листата беше намалена на 30-мина играчи кои остануваат во трката за добивање на Златната топка. Ова е прво кратење на листата, а потоа ќе има уште едно на кое ќе се знаат тројцата најдобри. Лионел Меси, Кристијано Роналдо и Вирџил ван Дајк се играчите кои се очекува да влезат во финалето за освојување на Златната топка.

За Меси и Роналдо веќе е редовна навика да бидат меѓу конкурентите за трофејот. Тие двајцата се рекордери со по пет Златни топки во нивните витрини. Аргентинецот беше прогласуван за најдобар во 2009, 2010, 2011, 2012 и 2015, додека Роналдо беше најдобар во 2008, 2013, 2014,2016 и 2017 година. Минатата сезона за најдобар фудбалер во изборот на „Франс фудбал“ беше избран Лука Модриќ од Реал Мадрид.

Дефанзивецот на Ливерпул, Ван Дајк за првпат треба да биде во Топ 3 и според многумина, е главен фаворит за трофејот годинава. Последен пат Златната топка ја освоил дефанзивен играч во 2006 година, кога на тронот се искачи тогашниот капитен на Италија, Фабио Канаваро, кога Аѕурите станаа светски прваци. Главен адут за Ван Дајк во оваа трка е освојувањето на Лигата на шампиони со Ливерпул.

Првите петмина од вкупно 30-темина играчи кои се најдоа на скратениот список се: Садио Мане, Серхио Агуеро, Френки де Јонг, Уго Љорис и Душан Тадиќ.

https://twitter.com/francefootball/status/1186311251917508609

 

- Оглас -

Најнови вести