Се најавува трансфер-бомба во НБА, Лилард побара да биде разменет и веднаш се јавија три екипи

Ѕвездата на Портланд треилблејзерс, Демиен Лилард, на првиот ден од преодниот рок во НБА-лигата, и официјално побара од својот тим да биде разменет.

Најавите на челниците на Портланд дека ќе направат реконструкција што значи дека екипата нема да биде конкурент за титулата, го натераа Лилард да одлучи да си замине.

Веднаш се јавија три екипи кои се подготвени да понудат квалитетни играчи во замена за Лилард. Според „Атлетик“, најзаинтересирани се вицешампионот Мајами хит, ЛА клиперс, Филаделфија сиксерс и Бруклин нетс кои веќе ги подготвуваат понудите за Лилард.

Според медиумите во САД, желбата на Лилард е следната сезона да игра во Мајами заедно со Џими Батлер и не го интересираат другите понуди.

Минатата сезона, Лилард просечно постигнуваше 32,2 поени, 7,3 скокови и 4,8 скокови по натпревар.

- Оглас -

Најнови вести