Артуро Видал е на излезна врата од Барселона, а единствен разочаран од неговиот трансфер во Интер ќе биде тренерот на каталонците, Ернесто Валверде. Управата на Барса сака да се ослободи од Чилеанецот, и тој самиот сака да си оди и да прејде кај Антонио Конте со кого имаа успешна соработка во Јувентус, а само Валверде е против, но кој го прашува него. Треба да биде среќен што уште е на клупата на Барса и што зад него стои Меси.
Изгледа и Меси има дадено зелено светло за заминување на Видал, кој иако врши голема работа, не сака да биде резерва. На Видал поважно му е да игра во Интер, отколку да биде резерва во Барселона. Плус тоа, Видал одлучи и да ги тужи каталонците, бара пари (2,4 милиони) за неисплатени бонуси. Од Барселона сметаат дека ова барање е само изговор, бидејќи тој веќе решил да си оди.
Според договорот со Барселона, Видал нема право да ги бара парите за бонуси. Условот беше да игра 60 проценти од мечевите и тој тоа го исполни, но и да игра барем 45 миниути на тие мечеви, а во овој дел ја нема исполнето нормата.