Томаш Пекхарт со три гола за само 13 минути го надмина и учинокот на Роберт Левандовски и во многу кус рок, брзо и ефектно запиша хет-трик во меч од полското првенство.
Напаѓачот на Легија погоди во шесттата, 13-та и 19-та минута против Заглебје во Лубин и набрзина го реши победникот на мечот од 22. коло во Екстракласа.
Zagłębie Lubin 0-3 Legia Warszawa – Tomáš Pekhart 19′ hat-trick (Polish Ekstraklasa) from soccer
Првиот гол Чехот го постигна од пенал, а потоа двапати беше прецизен одигра за убедлива предност на лидерот во полското првенство од 3:0 против Заглебје до 19. минута.
Потоа Пекхарт постигна уште еден гол и беше единствениот стрелец на мечот што го доби Легија со 4:0. Чехот играше до 71. минута, кога беше заменет со Каспер Косторж.
Zagłębie Lubin 0-4 Legia Warszawa – Tomáš Pekhart 63′ fourth goal (Polish Ekstraklasa) from soccer
Вчера против Штутгарт, Роберт Левандовски постигна хет-трик за Баерн во рок од 21. минута.