Се најде јунак што ќе го победи и ПСЖ: Ница им го нанесе првиот пораз на „светците“ во Лига 1 (Видео)

Фудбалерите на ПСЖ го доживеаја првиот пораз оваа сезона во Лига 1, откако на домашен терен загубија со 1-3 од Ница. На досегашните 30 натпревари во француското првенство, „светците“ имаа 24 победи и шест нерешени, но се чини дека со мислите веќе се насочени кон полуфиналето од Лигата на шампионите против Арсенал на гостински терен.

Ница поведе во 34-тата минута, а се што направи ПСЖ на овој меч беше израмнувањето на 1-1 преку Руис во 41-вата минута. Во вториот дел гостите со уште два гола дојдоа до победата од 1-3.

И покрај поразот, ПСЖ веќе е старо-нов шампион на Франција, со оглед на фактот дека имаат предност од 23 поени пред Марсеј на четири кола до крајот.

- Оглас -

Најнови вести