Се најдоа јунаци да го срушат рекордот на легендарниот тим на Милан од 1993 година

Пари Сен Жермен на убедлив начин стигна до одбрана на титулата во француското првенство. Доминацијата на Светците беше потврдена со поставувањето нов рекорд, и тоа не само француски, туку рекорд во Топ 5 лигите, кога се работи за мечеви без пораз на гостински терен.

ПСЖ синоќа одигра 1:1 на гости кај Нант и тоа беше рекорден 39-ти пат по ред на кој францускиот гигант не загуби во првенството на средба одиграна на туѓ терен. Досега рекордот во Топ 5 лигите на мечеви без пораз на гости во првенството го држеше Милан, и тоа од 1993 година. Росонерите тогаш имаа низа од 38 средби без пораз на гости во првенството.

Сега ПСЖ стигна до 39 натпревари без пораз. Во оваа низа францускиот првак забележа 30 победи, а деветпати одигра нерешено.

- Оглас -

Најнови вести