Се најдоа на пола пат: Старата дама му раскина на Ремзи

Јувентус и Арон Ремзи ја прекинаа соработката една година порано од важечкиот договор на Велшанецот со италијанскиот гигант.

Ремзи доби три милиони евра како отштета за предвремениот прекин на соработката откако тренерот Алегри јасно му стави до знаење дека нема да биде во неговите планови во претстојната сезона.

Долго време се преговараше на оваа тема. Ремзи бараше четири милиони евра отштета, Јуве понуди два милиони помалку, но се најде компромис на три милиони. На овој начин клубот се ослободи од неговата висока плата која изнесуваше седум милиони евра на годишно ниво.

Во три години Ремзи одигра само 69 натпревари за Старата дама, со учинок од шест гола и исто толку асистенции. Во вториот дел од ланската сезона беше на позајмица во Ренџерс, каде што се памети како трагичар промашувајќи го пеналот против Ајнтрахт Франкфурт во рулетот од финалето во Лигата на Европа.

- Оглас -

Најнови вести