37.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Се нижат рекорди за идниот лидер на англискиот фудбал

Милионерите славеа со 3-0 против Арминија Билефелд во мечот во кој Џејдон Санчо блескаше на теренот со асистенција и погодок од белата точка.

Со наместениот гол за Дахуд, Санчо стигна до 50 асистенции во Бундеслигата, а со само 20 години англискиот крилен офанзивец стана рекордер како најмлад играч во германското првенство кој остварил 50 асистенции.

За јубилејниот учинок да биде уште поимпресивен, Санчо го оствари пред да одигра 100 лигашки натпревари за Дортмунд, односно го стори тоа во 99-тиот настап.

https://twitter.com/BVB/status/1365690300363071492

- Оглас -

Најнови вести