Се нижат суспензии поради објави за војната меѓу Израел и Хамас

Германскиот бундеслигаш Мајнц го суспендира напаѓачот Анвар ел Гази поради негова објава на социјалните мрежи за војната меѓу Израел и терористичката организација Хамас.

Клубот на официјалната интернет-страница објави дека го „разрешил“ Ел Гази од неговите обврски за тренинг и натпревар поради објавата на социјалните мрежи која потоа ја избришал.

„Во објавата Ел Гази изнесе став за актуелната војна на Блискиот Исток кој клубот го смета за неприфатлив. Пред донесувањето на оваа одлука, клубот и фудбалерот имаа детален разговор“, објави Мајнц ,кој не потенцира кога ќе го врати Ел Гази во тимот.

И францускиот тим Ница суспендира свој играч, Алжирецот Јусеф Атал, кој на социјалните мрежи објави видео поврзано со војната меѓу Израел и Хамас.

Атал на социјалните мрежи објави видео кое веднаш го избриша и во кое повикува на „црн ден за Евреите“. Тој потоа се извини за својата постапка, но не ја избегна казната од клубот.

- Оглас -

Најнови вести