Синоќа стартуваше женското фудбалско првенство во Шпанија, а уште во првото коло беше одиграно премиерното издание на Ел Класико. Барселона Фемини беше домаќин на Реал Мадрид, односно Депортиво Такон. Победи Барселона и тоа со убедливи 9:1.
Каталонките беа и фаворитки пред мечот, но ретко кој очекуваше толку убедлива победа. Хермосо даде три гола, а Аитана два пати ја затресе мрежата на гостинките. По еднаш погодија Путељас, Марион и Грахам, додека Лусиа Суарес си даде автогол.
Реал Мадрид летоска го формираше клубот во женска конкуренција, откако ја купи лиценцата на екипата на Депортиво Такон. Под тоа име клубот оваа сезона ќе се натпреварува, а од следната и официјално ќе се вика Реал Мадрид. Претседателот на Реал, Флорентино Перес сигурно ќе треба да вложи повеќе пари за женскиот клуб, ако сака да биде конкурентен со Барселона Фемини. Каталонките се актуелни прваци на Шпанија и европски вицешампионски.