Се огласи боксерката која ја има победено Имане Келиф: „Не мами, едноставно таква е родена“

Топ-тема на Летните олимписки игри е алжирската боксерка, Имане Калиф, за која сите велат дека е родена како маж и го има променето полот. Меѓународната боксерска асоцијација ја суспендираше поради присуство на машки хормони, но ИОК сепак ѝ дозволи да се натпреварува на Олимпијадата, а нејзините натпревари предизвикуваат бура од реакции.

Сепак, Имане Келиф, има девет порази во својата кариера (и 42 победи), а денес на социјалните мрежи се огласи и една од боксерките која ја има победено.

„Многу луѓе ме прашуваат за Имане Келиф. Мислам дека таа не мами никого. Таква се родила и тоа е нешто над кое таа нема контрола. Фактот дека има девет порази доволно говори.“ – вели Ејми Броудхарст, боксерка од Ирска и една од деветте кои ја имаат победено алжирката.

- Оглас -

Најнови вести