Репрезентацијата на Норвешна немаше милост во дуелот со Молдавија и славеше со неверојатни 11:1 во квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 година. ова е израмнување на втората највисока победа во историјата на европските квалификации за Мундијал. Пред речиси три децении со 11:1 на гости победи и Македонија против Лихтенштајн.
Синоќа посебно расположен за погодоци беше Ерлинг Халанд, кој постигна пет гола и буквално го понижи голманот на Молдавија, Кристијан Аврам. По мечот, Аврам даде интервју за една норвешка телевизија.
„Здраво, јас сум голманот на Молдавија што прими 11 гола. Разговарав со Халанд по мечот и тој ми рече: ‘Не е моја вина’ и дека морал да продолжи да дава голови за да ја подобри гол-разликата на репрезентацијата. Јас го разбирам, тоа е дел од играта. Јас што да кажам? Нема да умрам. Морам да останам силен. За неколку дена ќе имам други натпревари. Но, секако дека се премногу 11 голови“, рече голманот на Молдавија, Аврам.