Се огласи семејството на Пековиќ во врска со неговата здравствена состојба

Веста дека кошаркарската ѕвезда Никола Пековиќ е во тешка состојба и поставен на респиратор, го обиколи Балканот, но таа информација на српските медиуми се покажа дека не е баш најточна. Од семејството на Пековиќ тврдат дека тој дише самостојно, и дека животот не му е загрозен, а додаваат и дека во болница е од вчера, а не 15 дена, како што првично беше објавено.

„Тој од вчера е во болница и дише сам. Сите витални параметри кои се однесуваат на кислородот, му се во ред. Тој има коронавирус, но не е ставен на респираторна машина. Состојбата му е стабилна, и во договор со лекарите е утврдено дека е подобро да остане во болница и таму да му се следи состојбата“ – објаснуваат од семејството и молат да не се објавуваат неточни информации кои вознемирија многумина.

- Оглас -

Најнови вести