Никола Пековиќ се бори за живот, ставен е на респиратор!

Лоша вест дојде од Црна Гора, а тоа е дека некогашниот кошаркар Никола Пековиќ, е поставен на респиратор, по запалението на белите дробови, предизвикано од коронавирусот. Екс кошаркарот на Партизан, Панатинаикос и Минесота тимбервулфс, има 34 години, од јануари е тим менаџер на црногорскат репрезентација, а во болница бил примен пред 15 дена.

Црногорецот беше и претседател на Партизан, а од таму си замина во 2017 година. Тој беше познат по физичката сила, но се покажува дека и луѓе силни како карпа може да бидат ранливи од Ковид-19.

Иако состојбата на Пековиќ не е наивна, лекарите уверуваат дека е стабилен и би требало да извојува победа во битката со болеста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести