9.8 C
Skopje
петок, 13 февруари 2026

Се огласи судиската комисија и предизвика уште поголем скандал: Судиите сами цртале линија!

Поништениот гол на Кубарси во дебаклот на Барселона од Атлетико Мадрид во Купот на Шпанија предизвика големи полемики во светските медиуми, па со свое соопштение се јавија и од судиската комисија на ФС на Шпанија и предизвикаа уште поголем скандал.

„Поради големиот број фудбалери кои учествуваа во акцијата, технологијата за полуавтоматски офсајд стана преоптоварена и не можеше да се користи. Судиите во ВАР-собата рачно ги цртале линиите и приложениот кадар е нивен избор“, велат од судиската комисија.

На фотографијата јасно се гледа дека линијата е погрешно нацртата и фудбалерот кој го постигнува голот не е во офсајд, а како последно проигрување е земен моментот кога топката се одбива од фудбалер на Атлетико Мадрид.

Сепак, и од соопштението на судиската комисија може да се заклучи дека комплетната вина се префрла на судиите, кои го имаа последниот збор.

 

- Оглас -

Најнови вести