Откако стана јасно дека кошаркарските судии го активираа штрајкот и викендов нема да се играат кошаркарските првенства, следуваше соопштени од Кошаркарската федерација на Македонија во кое рекое дека судиите прво го прифатиле предлогот да им биде исплатен половина од долгот, а потоа се предослиле. Сега следуваше и соопштение на здружението на кошаркарски судии, во кое велат дека КФМ им должи 1.710.000 денари, а последната исплата била на први февруари, иако според правилниците треба да си ги земат заработените пари во рок од 48 часа од завршување на натпреварите.
Судиите во соопштението велат дека предлогот не бил прифатен, туку дека бил ставен на гласање, а дури 96% од нивните членови го одбиле. Во продолжение комплетното соопштение.