7.8 C
Skopje
среда, 24 декември 2025

Се омажи Венус Вилијамс

Поранешната светска тенисерка број еден, Венус Вилијамс, се омажи.

Американката која има 45 години, му кажа „Да“ на 37-годишниот италијански актер и продуцент Андреа Прети. Тие имале неформална венчавка во Италија во септември, а сега имаа голема петдневна забава и прослава во Палм бич, Флорида.

Легендарната тенисерка нема премногу време за меден месец, ќе се појави на ВТА 250 турнирот во Оукленд, Нов Зеланд, кој почнува на 5 јануари. Венус нема играно надвор од САД од 2023 година, а моментно е на 148-мото место на ВТА листата.

Фото: David Bastianoni

- Оглас -

Најнови вести