Се осоколи фудбалскиот свет – Чесите играа пријателски, Спарта и Јихлава „удрија“ по две тури фудбал во ист ден

Со четири пријателски натпревари денеска и Чесите најавија дека наскоро ќе продолжат со фудбал во Првата и Втората лига.

Се одиграа четири тест-натпревари, а двапати меѓу себе во ист ден играа најтрофејниот чешки клуб Спарта Прага и второлигашот Јихлава.

Спарта убедливо ги доби двата натпревари, првиот со 6:1, а потоа и вториот со 4:1. Во Чешка комплетно се олабавија мерките за движење и активност во услови на пандемија од корона-вирус и се очекува камбек на фудбалската игра на 26 мај.

За тогаш е закажано продолжението на шампионатот, а треба да се доиграат уште шест кола од регуларниот дел во Првата лига.

Лидер до прекинот поради ковид-19 е Славија Прага со 58 бода по 24 кола, пред П’лзењ со 50. Тие две екипи се единствените кандидати за титулата во сезоната 2019/20.

Преостанатите натпревари ќе се играат без присуство на публика.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести