Сè освен победи за водечките екипи во Втората лига ќе биде вистинска сензација (Фото)

По завршувањето на седумте дена на жалост кои ги прогласи Владата поради страшната трагедија која се случи во Кочани, продолжуваат спортските настани во домашните клупски натпреварувања. Први ќе истрчаат фудбалските второлигаши, кои ќе го одиграат одложеното 21-во првенствено коло.

Дел од понудата на Sport Life се и овие натпревари, а она што може да се забележи од квотите е тоа дека се очекуваат победи на домашните екипи. Лидерот на табелата, Македонија ЃП го пречекува „фенерџијата“ Вардарски и е апсолутен фаворит, додека второпласираниот Башкими игра против Вардар од Неготино и сè освен победи на фаворитите ќе биде вистинска сензација.

Фаворити се и Арсими во дуелот против Каменица Саса, Охрид против Победа, како и Беласица на домашниот меч против Новаци.

На табелата водат Македонија ЃП и Башкими со по 45 бода, пред Брегалница со 43.

- Оглас -

Најнови вести