Клас Јан Хунтелар во својата последна сезона од кариерата, одлучи да се врати во редовите на Шалке 04 и да му помогне на тимот да избори опстанок во Бундеслигата.
Искусниот холандски голгетер така ќе се откаже од евентуалната титула во Холандија, односно ќе го напушти Ајакс кој се бори за нов трофеј во Ередивизија.
Хунтелар од 2010 до 2017 година ги бранеше боите на Шалке, период во кој запиша 240 настапи за тимот од Гелзенкирхен со учинок од 126 погодоци и 35 асистенции.
Шалке во меѓувреме по пауза од една година оствари триумф во германското првенство со убедливи 4-0 над Хофенхајм, а подоцна денес гостува во Франкфурт кај Ајнтрахт. По 15 кола во Бундеслигата, Шалке е последен со 7 бода, исто колку што има и Мајнц на 17-тото место на табелата.