15.8 C
Skopje
недела, 17 август 2025

Се отвора патот за Димитриевски да биде прв голман на Валенсија од следната сезона

Минатото лето Столе Димитриевски направи трансфер од Рајо Валјекано во Валенсија. Македонскиот голман беше еден од подобрите во шпанската Примера дивисион и се очекуваше да продолжи со добри одбрани во Валенсија, но, за жал, во сезоната која измина, Димитриевски многу повеќе беше на клупата за резерви отколку на теренот.

Причина за тоа што Димитриевски стана втор голман на Валенсија е фактот дека Георги Мамардашвили не замина во Ливерпул, иако потпиша со англискиот гигант.

Сега се очекува Мамардашвили конечно да се пресели на „Енфилд роуд“, каде што се отвори голмански простор. Куивин Келехер по шест години поминати во Ливерпул направи трансфер во Брентфорд, што значи дека Грузиецот од Валенсија е на пат кон Англија.

Со заминувањето на Мамардашвили во Ливерпул, автоматски во Валенсија се отвора место за Димитриевски да биде прв голман на шпанскиот тим, нешто што беше планирано уште пред една година.

- Оглас -

Најнови вести