Се пласираа во полуфинале, па се пофалија со новите дресови (фото)

Ливерпул уште сега се подготвува за новата сезона 2019/2020, денес ги претставија новите дресови на „Њу Баланс“. Нормално, црвената боја е претпознатлива за првиот дрес, односно за натпреварите кои ги играат на домашен терен.

Дизајнот е во чест на легендарниот тренер Боб Пејсли, ќе се слави 100-годишнина од неговот раѓање, а негов потпис ќе стои на внатрешната страна од околувратникот на маичката. По подолго време, на дресот се враќаат тенките бели линии кои за првпат се појавија на горниот дел од униформата на „црвените“ во 1982 година. Во сезоната 1982/83 Ливерпул ја освои 14-тата титула во Англија, кога Пејсли за последен пат го предводеше великанот од „Енфлид“.

Инаку, изрбаниците на Јирген Клоп вчера го осигурија пласманот во полуфиналето од ЛШ со триумфот на гости кај Порто од 1-4, односно вкупни 6-1 од двомечот со португалскиот гигант. Во борбата за големото финале ќе се соочат со Барселона.

- Оглас -

Најнови вести