Леброн Џејмс веќе е во поодминати кошаркарски години, но и со 41 година се уште пали и гаси по НБА терените во САД, а американските медиуми сега најавуваат вистинска бомба.
Легендарниот кошаркар не само што не планира да се пензионира, туку го убедуваат да се врати во Кливленд, екипата и местото каде и започна неговата фантастична кариера.
Кливленд во 2003 година како прв пик на драфот го доби Леброн Џејмс, а тој во неговата 23-годишна кариера освои четири титули. Во 2012 и 2013 го освојуваше трофејот со Мајами, па следуваше враќање во Кливленд и титула во 2016 година, а четвртиот трофеј го свои со ЛА Лејкерс во 2020 година.
„Кралот“ Џејмс треба да одлучи дали ќе остане во Лос Анџелес или ќе се врати во Кливленд, но во игра секако дека е и најнепосакуваната опција за навивачите – пензија.

