13.8 C
Skopje
вторник, 24 февруари 2026

Се подготвува хаос: Престијани и покрај суспензијата, ќе патува во Мадрид!

Реал Мадрид и Бенфика во среда ќе го одиграат реваншот од Лигата на шампионите, а според најавите од Португалија, се подготвува вистински хаос.

УЕФА привремено го суспендира Џанлука Престијани поради инцидентот во Винисиус со цел да спречи дополнителни проблеми во Мадрид додека истрагата трае, но од Бенфика веднаш упатија жалба.

Сега најавите се дека и покрај суспензијата, Престијани ќе патува во Мадрид, а од Бенфика во меѓувреме очекуваат позитивен одговор на нивната жалба. Присуството на Аргентинецот на „Сантијаго Бернабеу“ дури и на трибините би предизвикало жестоки реакции, можеби и инциденти.

- Оглас -

Најнови вести