Се подготвува ли враќање на Кристијано во Премиер лигата? Од Нова година може да преговара со кого сака

Кристијано Роналдо од први јануари влегува во последните шест месеци од договорот со Ал-Наср и според правилата на ФИФА ќе може да преговара со било кој клуб за продолжување на кариерата од лето.

Веќе се шпекулира дека Португалецот ќе ја напушти Саудиска Арабија налето и ќе се врати во Премиер лигата, каде веќе настапуваше за Манчестер јунајтед во два наврати. Не се откриваат екипите кои се заинтересирани за неговите услуги, но сигурно не се работи за екипа кој се бори за висок пласман.

Кристијано Роналдо сака да ја продолжи својата кариера по секоја цена, а дека е физички подготвен за тоа покажува и на теренот. Тој има две цели пред себе: да дојде до бројката од 1.000 гола на официјални натпревари, но и да го повтори подвигот на Леброн Џејмс и да заигра во иста екипа со неговиот син, кој сега има 14 години.

- Оглас -

Најнови вести