Медиумите од преку океанот најавуваат дека налето може да се случи еден од најголемите, ако не и најголемиот трејд во историјата на НБА-лигата, а дел од него да биде Никола Јокиќ. Србинот веќе 10 години е дел од Денвер нагетс, но клубот сега има понуда која тешко се одбива.
Хјустон рокитс има амбиции да го донесе трофејот во Колорадо, а дел од тој проект треба да биде и Никола Јокиќ. Тие на Денвер му нудат шестмина кошаркари во замена за српскиот центар.
Како дел од трејдот би биле Алперен Шенгун, Џабари Смит и Рид Шепард, како и три пика од првиот круг на НБА-драфтот.
Никола Јокиќ оваа сезона има просек од 29,6 поени, 12,7 скока и 10,2 асистенции по натпревар, но раководството на Денвер сериозно ќе размисли дали да ја прифати оваа понуда на Хјустон.