Хулијан Алварес со екипата на Манчестер сити освои се што можеше да се освои, па затоа изненадувачка беше неговата одлука да побара сам да си замине, бидејќи не сакаше да му биде резервна опција на Ерлинг Халанд.
Трансферот во Атлетико Мадрид се покажа како вистински потег и оваа сезона веќе има 22 гола на 43 меча. „Јорганџиите“ за него платија 75 милиони евра, а сега може и добро да заработат. Медиумите на Островот најавуваат дека Ливерпул е подготвен да плати 100 милиони евра за да го откупи неговиот договор, а во него гледаат замена за Дарвин Нуњес.
Атлетико Мадрид за само една сезона би заработил 25 милиони евра, но ваквиот трансфер доколку се реализира, сигурно нема да им се допадне на навивачите на Манчестер сити.