Фудбалерот на Ливерпул, Алексис Мекалистер, изјави дека напорите кои ги трпат фудбалерите во текот на целата сезона се големи и тоа најдобро го објасни со неговиот пример пред дерби пресметката со Манчестер сити.
Големото дерби се играше вчера и заврши без победник 1:1, а Мекалистер го одигра целиот меч за Црвените. Само неколку дена претходно играше за аргентинската репрезентација против Бразил и Уругвај во квалификациите за пласман на СП 2026.
„Да бидам искрен, многу е тешко да се игра во вакви услови. Во петокот имавме состанок на кој ја подготвувавме тактиката за мечот со Манчестер сити, а јас не можев да ги држам очите отворени. Многу е напорно ова темпо“, изјави Мекалистер.