Се пофали дека патувале 31 час за да го гледаат натпреварот кој беше одложен

Натпреварот меѓу Барнли и Тотенхем кој требаше да се игра денеска, е одложен. Обилните снежни врнежи беа причина за дуелот да не се игра во предвидениот термин, а тоа денеска попладне.

Еден навивач на Тотенхем решил да го гледа овој меч и тоа да допатува директно од Далас во САД. Навивачот тргнал на пат од Америка до Лондон, а потоа со воз кон Барнли.

Тој се пофали дека цели 31 часа патувал, во кои испил многу кафе, за да успее да издржи да остане буден и дека конечно е среќен што ќе може да го гледа својот омилен тим.

На крајот, навивачот пристигна во Барнли, а на два час пред стартот на мечот беше одлучено дека средбата ќе се одложи.

- Оглас -

Најнови вести