Снегот одложи еден меч во Премиер лигата!

Дуелот меѓу Барнли и Тотенхем кој требаше да се игра денеска од 15 часот е одложен. Причина за одложувањето на дуелот се снежните врнежи кои утрово ги има во тој дел од Англија.

Теренот на стадионот е прекриен со снег, а по куса консултација било решено да се бара нов термин за играње на оваа средба.

Останатите мечеви кои треба да се играат денеска ќе бидат во предвидените термини. Од 15 часот ќе играат: Брентфорд – Евертон, Лестер – Ватфорд и Манчестер сити – Вест хем, а од 17:30 часот е дербито меѓу Челзи и Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести