Се погдотвува голема размена: Наполи и Манчестер јунајтед ќе ги трампаат напаѓачите

Виктор Осимен како позајмен до крајот на оваа сезона игра за Галатасарај, а вечерва повторно блесна и постигна хет-трик во победата над Анталијаспор на домашен терен (4-0). Во јуни тој се враќа во Неапол, но не е во плановите на Антонио Конте, па Наполи и Манчестер јунајтед веќе преговараат за голема трампа налето.

Нигериецот веќе подолго време е желба на „црвените ѓаволи“, а Конте е голем обожавател на Расмус Хојлунд, кој е на излезна врата од „Олд Трафорд“, па лесно може налето да си ги разменат напаѓачите.

Во моментов се преговара за формулата „играч за играч“, но можно е да дојде до пресврт, па како дел од големата размена на фудбалери да биде вметната и одредена сума на пари.

- Оглас -

Најнови вести