Се погоди – Најскапите засилувања во Англија чинеа над 100 милиони евра и тие се најголемите трансфер утки (Фото)

Ромелу Лукаку и Џек Грилиш беа најскапите засилувања заедно со Џејдон Санчо во Англија и токму тие се и најголемите утки според „ЕСПН“.

Лукаку е ставен на чело на листата со Топ-10 утки во трансфер-периодот, а за него Челзи плати сума од 113., милиони евра на контото на Интер.

Лукаку не одигра ништо кај европскиот првак и е прогласен за најголемо промашување.

На второто место е Санчо, за кого Манчестер јунајтед плати 85 милиони евра на сметката на Борусија Дортмунд.

Трет е Џек Грилиш, најскапиот играч во трансфер-периодот што го чинеше Манчестер сити цели 117,5 милиони евра, кои заминаа на контото на Астон вила.

Во Топ-10 според „ЕСПН„ се и Али, Варан, Влашиќ, Крал, Вестергард, Хил и Гилмур.

 

- Оглас -

Најнови вести