Се појави аудио-видео од последната порака на Сала

Спасувачките служби и официјално ја прекинаа потрагата по Емилијано Сала. Аргентинскиот фудбалер уште не е прогласен официјално за мртов, но речиси и да не постојат шанси тој да го преживеал падот на авионот во водите на Англискиот канал (Ла Манш).

Мали шанси се појавија кога дел од жителите на островите во Англискиот канал пријавиле дека на едно копно се појавил дим кој делувал како да се знаци за некој да бара помош.

Трагедијата се случи во понеделникот вечерта, а непосредно пред да се полета, Сала упатил аудиопорака до неговиот татко. Пишувавме за тоа што вели Сала во пораката, а сега се појави и аудио од пораката, во која според гласот Емилијано Сала делува многу изморено, но и уплашено.

- Оглас -

Најнови вести