Можно ли е чудо? Фотографија која дава надеж дека Сала и пилотот се живи!

Веќе четврти ден трае потрагата по аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала и пилотот на авионот кој исчезна во понеделникот вечерта. Напаѓачот кој неодамна потпиша за Кардиф патуваше од Нант кон Кардиф кога авионот, во кој тој беше единствен патник, исчезна од радарот на контролната кула за летање.

Спасувачките екипи постојано трагаат, но засега немаат најдено цврсти докази дека авионот се срушил, а нема ни трага ни глас од двајцата исчезнати лица. Експертите тврдат дека шансите да има преживеани се речиси никакви, но потоа се појавија фотографии кои може да дадат надеж.

Жители на островите во Англискиот канал (Ла Манш) испратија фотографии дека можни сигнали доаѓаат од островот Барху. На твитер е поставена фотографија, на која делува како некој да праќа димни сигнали за помош.

Полицијата вели дека подрачјето околу тој остров е прилично недостапно, посебно во зимски временски услови.

- Оглас -

Најнови вести