Пред осум години, Карлос Алкарас беше млад тинејџер кој сонуваше да стане врвен тенисер и желбата му се исполни. Шпанецот сега има 21 година и четири гранслем-титули во кариерата, од кои две на Вимблдон со победи во финалето над Новак Ѓоковиќ.
Алкарас има изјавувано дека идол му бил Роџер Федерер, секако, го сакал и го почитувал и својот сонародник Рафаел Надал, но можеби малку и потајно, тој го обожувал и Ѓоковиќ.
Има една фотографија од 2016 година на која Алкарас задоволно се смешка додека го гледа Ѓоковиќ како тренира. Уште тогаш учел од Србинот, го анализирал, а еве сега доаѓаат и резултатите.
По победата над Новак на Вимблдон, оваа фотографија стара осум години пак е хит на социјалните мрежи.