Кошаркарите на Милвоки бакс беа многу мотивирани да го „тепаат“ Сакраменто кингс, првата четвртина ја добија со 16 поени разлика, а пред да излезат на терен, му се нафрлија на маскотата на Кралевите, популарниот „Слемсон д лајон“.
Играчите на Бакс и маскотата влегоа во филм дека се кечери, па Слемсон ја прифати улогата да биде жртва. Прв кој почна да го тепа беше Робин Лопес, а потоа се придружија и останатите кои го шутираа човекот маскиран во лав. На крај, Адетокумбо со боксерски потег го удри Слемсон, тој падна, и „судијата“ трипати удри во подот што значеше и нокаут и крај на „борбата“.
Можеби за некого и нема да биде забавно да гледа, но сето ова е направено на шега, нема повредени, па затоа погледнете што се случуваше во подтрибинскиот простор во салата во Сакраменто:
https://twitter.com/i/status/1215871940998492160