Манчестер јунајтед – Арсенал ќе биде големото дерби на отворањето на сезоната 2020/21 во Премиер лигата ако се верува на фотографијата која се појави на социјалните мрежи. Возбудливиот дуел на „Олд Трафорд“ го предводи распоредот за првото коло кое треба да започне на 12 септември.
Наводно вака треба да изгледа првото коло, меѓутоа од Премиер лигата уште не е потврден распоредот, па затоа не може да се каже дека и официјално ќе гледаме дерби на стартот.
https://twitter.com/FPL_Pakistan/status/1295349008945352708
Сепак, треба да се напомене дека Црвените ѓаволи ќе задоцнат со својот старт во англискиот шампионат бидејќи добија неколку дена повеќе одмор, односно период за подготвување поради учеството во Лигата на Европа. Англиските медиуми најавија дека Јунајтед ќе почне од 15 или 16 септември, четири дена по закажаниот старт.