11.8 C
Skopje
петок, 17 октомври 2025

Се појави снимка од трагедијата на фудбалски меч во Казахстан (Вознемирувачко видео)

Казахстанскиот фудбал тагува по 19-годишниот Дијас Толеу, млад фудбалер на второлигашот Хан Тенгри, кој почина откако му се слоши на натпреварот против Екибастуз.

Според информациите од Казахстан, на Толеу му се слошило после еден дуел, а лекарските екипи му укажаа помош на теренот и на носилка беше изнесен и брзо префрлен во болница. Тој покажуваше знаци на живот, но починал на пат кон болницата.

Вознемирувачката снимка покажува дека никој не е свесен дека станува збор за посериозен проблем. Прво се обидуваат да му помогнат соиграчите мислејќи дека е каков обичен грч во ногата. Ни лекарите не беа посебно возбудени, но ги изнесоа од терен и заминале кон болница каде стигнале за 4 минути.

Одделот за јавно здравје на Алмати појасни дека фудбалерот роден во 2006 година, бил донесен во итната помош во состојба на клиничка смрт.

„При приемот, немало пулс ниту крвен притисок, а зениците биле проширени. Медицинскиот тим извршил реанимација 30 минути, но и покрај овие мерки, не биле вратени знаци на живот. Биолошката смрт е потврдена. Телото е испратено на форензичко испитување за да се утврди точната причина за смртта“, објави прес-службата на здравствениот оддел на Алмати.

- Оглас -

Најнови вести