20.8 C
Skopje
понеделник, 22 септември 2025

Се појави список во кој се открива добитникот на Златната топка, ова ќе биде најдраматичната трка досега?

Париз вечерва ќе биде домаќин на церемонијата на која ќе биде прогласен најдобриот фудбалер во светот. Традиционално „Франс Фудбал“ ја доделува највредната индивидуална награда во светот на фудбалот, а се чини дека победникот уште сега се знае.

Ламин Јамал е името на фудбалерот кое е на врвот на листата која се појави на социјалните мрежи. Според списокот кој циркулира, Јамал е најдобар освојувајќи 805 бода, пред Усман Дембеле, кој е веднаш зад шпанскиот тинејџер со освоени 800 бода.

Потоа на листата следуваат: Витиња, Рафиња, Салах, Нуњо Мендес, Педри, Дуе, Мбапе и Мартинес, кој ја затвора листата во Топ 10.

Оваа листа се појави откако главниот и одговорен уредник на „Франс фудбал“, Винсент Гарсија, се пофали дека само тој го знае освојувачот на Златната топка.

„Јас сум единствениот кој знае во чии раце ќе заврши Златната топка оваа година. Критериумите за освојување на наградата се: индивидуален настап, одлучувачки и врвни настапи, освоени трофеи, ферплеј игра, како и однесувањето на теренот, но и надвор од него“, рече Гарсија.

Сите дилеми околу добитникот на Златната топка ќе бидат решени вечерва, но јасно е дека главната борба се води меѓу Јамал и Дембеле.

- Оглас -

Најнови вести