Саудиска Арабија тргна во офанзива да го доведе Винисиус Јуниор во нивната фудбалска лига. Инсајдерот Марио Кортегана наведе дека делегација на Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија во име на тамошното Министерство за спорт контактирале со менаџерот на Винисиус.
Саудијците имаат неограничено богатство кое не го жалат да го потрошат за зголемување на имиџот на фудбалската лига во оваа земја, посебно како најава за Светското првенство кое во 2034 година ќе се одржи токму во Саудиска Арабија.
Бразилскиот медиумски гигант „Глобо“ открива детали од неверојатната понуда за Винисиус. На Бразилецот му е понуден петгодишен договор според кој ќе заработи неверојатни една милијарда евра, што е за 13 пати повеќе од тоа што ќе го добие во Реал Мадрид.
Освен што би го добил најбогатиот фудбалски договор во историјата, Винисиус би бил и заштитно лице за СП 2034. Од Реал Мадрид засега категорично ги одбиваат сите понуди од богатите Саудијци, но секако дека до крајот на овој преоден рок може да биде жешко околу иднината на еден од најдобрите фудбалери во светот и ѕвезда на Реал Мадрид.